Театарот е ист, глумците се исти, во тендер-коалицијата ништо не се менува: СДСМ за владината рекострукција

Театарот е ист, глумците се исти, во тендер-коалицијата ништо не се менува: СДСМ за владината рекострукција

пред 2 часа

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе, оценуваат од СДСМ.

Според нив, замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт.

По две години владеење, потсетуваат од партијата, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето.

„Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници“.

Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти.

Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните.

Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист“.

Македонија, додаваат од опозициската партија, не оди напред. Со оваа власт, како што велат, Македонија забрзано се движи кон пропаст.

Текстот Театарот е ист, глумците се исти, во тендер-коалицијата ништо не се менува: СДСМ за владината рекострукција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top