Полицијата соопшти за уште еден инцидент што се случил вчера во кафуле, овојпат, во населбата Скопје Север, на улицата Босна и Херцеговина, каде дошло до физичка пресметка помеѓу две групи на гости.
По тепачката од огнено оружје биле испукани неколку куршуми, соопшти МВР.
Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две чаури и еден фрагмет од проектил.
Од МВР засега нема повеќе детали, освен дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.





