Полицијата информира за тепачка меѓу повеќе малолетни лица која се случила синоќа пред угостителски објект во Градскиот парк.
Синоќа во 22.15 часот било пријавено дека во Градски парк, пред угостителски објект, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу седум малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје.
Со нив, како што извести полицијата, во присуство на нивните родители, бил извршен разговор во полициска станица и биле направени записници за констатиран прекршок по чл. 11 ст.3 од ЗППЈРМ.