Попладнево при преземање мерки за откривање на лица кои продават пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово полициски службеници го привеле Р.Ш. (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства.
Како што информираат од МВР, запленети се околу 5.000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветена пријава.