Тетовци фрлиле шишиња со запалива течност во казино додека внатре имало полиција

пред 4 години

Двајца тетовци се приведени откако фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино и предизвикале пожар, додека внатре имало полициски службеници.

„Денеска (18.03.2022) во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикале пожар. Притоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан. А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top