83-годишно лице од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола и излетало од патот со мопедот кој го управувал.
Според полицијата вчера околу 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Табановце, Љ.С.(83) од Куманово, управувајќи мопед „томос”, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.С., констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.