Тешко повреден велосипедист по удар во пешак

пред 5 години

Велосипедист удрил во пешак на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, при што велосипедистот паднал и се здобил со тешки повреди.

Тој итно бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top