Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Штип

пред 4 години

Осумдесет и едногодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Штип.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 09.50 часот на крстосницата на улиците „Партизанска“ и „Сремски фронт“, кога автомобил „цитроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Штип, удрил во пешакот Б.Д.(81) од Штип. .

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Share
Scroll to Top