Во попладневните часови на 22 април во полициската станица Кавадарци, лекари од општата болница во овој град пријавиле дека кај нив со тешки повреди бил донесен 40-годишниот П.В. од Росоман.
Според пријавата, тој со повредите се здобил околу 11.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма во селото Дабниште.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.