Тешко повредени двајца пешаци на „Пластичарска“

пред 3 години

Двајца пешаци, од кои едениот малолетен, се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на „Пластичарската улица“ во Скопје, а во која учествувале две возила.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22.15 часот на крстосница на бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“. Во полиција било пријавено дека се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „гранд чироки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(33), автомобил „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи. Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top