Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

пред 10 месеци

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, информира УХРМ.

Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Текстот Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top