Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на својот син, загина во страшниот пожар

Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на својот син, загина во страшниот пожар

пред 1 година

Најмалку 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а 155 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пожарот се проширил на таванот и покривот на дискотеката, кој брзо изгорел. Публиката на концертот кој започна на полноќ беше претежно млада. Меѓу загинатите има и тројца малолетници, додека 22 лица се во критична состојба. Најмладата жртва имала само 14 години. Во врска со трагедијата досега се приведени неколку лица.

Триесетгодишниот Тоше Богданов е една од жртвите. Неговите пријатели велат дека во саботата излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот. Богданов, кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата која, според неофицијални информации, пред неколку дена го родила нивното дете.

„Тоше имаше син и излезе со пријателите да го прослави раѓањето на детето. Сакаше да ги почести и отиде во диско, а сега го нема“, рекол извор близок до семејството.

Текстот Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на својот син, загина во страшниот пожар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top