Тошковски за дивеењето по скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

Тошковски за дивеењето по скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

пред 4 дена

Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, а на кое едно лице качено на хауба се вози по улица.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и непромислена „возачка забава“ по скопските булевари.

Во видеото се гледа како едно лице стои на хаубата од автомобил во движење, а возачот, покрај тоа што управува без дозвола, вози и без регистарски таблици.

Станува збор за 20-годишниот С.З. и 19-годишниот Р.Ѓ., двајцата од Скопје. Против нив се покренати поднесоци по неколку основи, вклучително и управување без возачка дозвола, загрозување на сопствената и туѓата безбедност, како и дозволување управување на лице без дозвола.

Текстот Тошковски за дивеењето по скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top