Трагедија на Халкидики: Почина 75-годишна жена од Македонија

Трагедија на Халкидики: Почина 75-годишна жена од Македонија

пред 4 часа

Тело на жена од Македонија било извлечено без знаци на живот од морето во областа Неа Каликратија, на Халкидики.

Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за 75-годишна државјанка на Северна Македонија. По интервенцијата, таа била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што лекарите констатирале смрт.

По наредба на надлежните органи, ќе биде извршена и обдукција за утврдување на причините за смртта.

Текстот Трагедија на Халкидики: Почина 75-годишна жена од Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top