Тренчевска: Европска иднина е иднината на нашата држава

Тренчевска: Европска иднина е иднината на нашата држава

пред 2 недели

Коносителката на листата за пратеници во изборна единица 4, Јованка Тренчевска на граѓанскиот митинг во општина Гевгелија зборуваше за детската заштита и опфатот на децата во градинките.

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 25%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од нашиот бегалец во Будимпешта. Од 2017 година до денес, владата предводена од Социјал-демократскиот сојуз отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%! Вие сте сведоци сте нашето вложување во доградбата на детската градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија со капацитет од 135 деца, но и на една од најубавите сензорни соби во нашата држава токму во оваа градинка, за обезбедување инклузивност и грижа за секое наше дете. Вложивме и во објектот „Развигорче“ во село Прдејци и овозможивме предучилишно образование за 20 деца. Тоа е нашата посветеност“, изјави Тренчевска.

Таа посочи дека СДСМ во наредниот мандат се обврзува опфатот на деца во градинките да го зголеми на 70%. И посочи дека чекор кон тоа ќе бидат 14 нови градинки кои ќе бидат отворени во 2024 година.

„Нема откажување од иднината, продолжуваме заедно и непоколебливо до членство во Европската Унија во 2030 година!“ истакна Тренчевска на крај од нејзиното обраќање.

Текстот Тренчевска: Европска иднина е иднината на нашата држава е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top