Трипуновски: Ниту една интерпелација и напад од СДС, нема да ме поколеби да ги испорачам реформите што ги ветив на земјоделците

Трипуновски: Ниту една интерпелација и напад од СДС, нема да ме поколеби да ги испорачам реформите што ги ветив на земјоделците

пред 3 часа

„На денешната собраниска седница, се изнаслушав од опозициските пратеници низа на низа небулози, дезинформации, шпекулации кои се повторуваа кај секој еден од нив, но економските и проектите кои што ги презентирав се доволен доказ дека водиме успешна политика“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Доколку ме прашате дали сум задоволен од постигнатите резултати, мојата одговор е да, но секогаш може и има простор за уште подобро и уште поголем развој. Мојата обврска и задача на која сум цврсто фокусиран и напорно работам и верувам е да создадам услови во кој секој земјоделец ќе биде почитуван и вреднуван, институциите ќе работат во интерес на земјоделците, а државата ќе биде вистинскиот партнер на секој производител“, истакна тој.

Министерот во своето излагање додаде – „Во изминативе две години, голем дел од своето време го посветив на состаноци со земјоделците, одржав безброј средби, состаноци со производители од сите области на земјоделското производство, и сите чинители во земјоделскиот сектор, се со цел изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија. Вложени се бројни часови во дискусија, размена на предлози, ставови и сугестии од сите засегнати страни, секогаш со приоритет на македонскиот земјоделец, затоа што земјоделецот заслужува посебно место. Затоа што земјоделците се столбот на нашето земјоделско производство, на обезбедување на доволни количини на квалитетна и безбедна храна“.

„Затоа оваа интерпелација, ниту било каков напад или навреда нема да ме поколеба, ниту да ме одврати од мојата намера да продолжам да работам и да ги реализирам реформите што сме ги ветиле пред македонските граѓани и македонските земјоделци“, порача министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ќе се продолжи со конечна реализација од проектот Модернизација на земјоделството, односно изградба на откупно дистрибутивните центри во Скопје и Струмица. Ќе се продолжи со инвестициите во системите за наводнување и носење на клучни закони: Закон за земјоделство и рурален развој, Закон за земјоделско земјиште, Закон за уредување на пазарите, Закон за шуми.

„Дозволете да упатам една порака до македонските земјоделци, вие сте луѓе кои со својот труд и работа, ја храните државата. Знам дека патот не е лесен, се соочуваме со предизвиици, неизвесност но нема откажување, секое посеано семе, секоја обработена нива и секој собран род се доказ за вашата жртва и посветност. Сакам да знаете дека не сте сами, вашата работа се цени и како министер ќе продолжам да сум вашиот единствен партнер, да ги слушам вашите барања за подобри услови и заеднички да работиме за помодерно, поконкурентно и посилно земјоделство“, истакна министерот Трипуновски.

На крај од своеото обраќање министерот порача да се купуваат македонски земјоделски производи.

Текстот Трипуновски: Ниту една интерпелација и напад од СДС, нема да ме поколеби да ги испорачам реформите што ги ветив на земјоделците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top