На 15.03.2021 во 11.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ и ул.„Џемал Бјејдиќ“ во Штип се случила сообраќајна незгода.
Во сообраќајката, како што велат од МВР, учествувале патничко моторно возило „Ауди А3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(49) од Штип и товарно моторно возило „Ивеко-еурокарго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(51) од Штип.
Притоа од ударот со тешки телесни повреди се здобило лоицето Д.Д., а со телесни повреди се здобиле двe лица од товарното возило Н.М.(37) и Д.М.(49), двајцата од Штип.
Повредите биле констатирани во Клиничката болница Штип.