Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Песочан, охридско.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според информациите, несреќата се случила меѓу „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.
Во несреќата возачот Љ.Б. и сопатникот во возилото „фиат“, Ф.Б.(29) од Скопје, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.