Турска државјанка фатена со фалсификуван бугарски пасош на скопскиот аеродром

пред 4 години

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 19-година државјанка на Турција за кривично дело – Фалсификување исправа.

„ На 16 март, на Меѓународниот аеродром Скопје, при обид да ја помине пасошката контрола за летот кон Лондон-Лутон, таа употребила фалсификувана бугарска патна исправа. Употребениот пасош се разликувал од оригиналниот примерок на патна исправа издадена од Република Бугарија по однос на повеќе заштитни знаци. При проверка на личниот багаж на обвинетата било утврдено дека таа поседува оригинална турска лична карта од која бил утврден нејзиниот идентитет“ соопшти обвинителството.​

Share
Scroll to Top