Уапсени тројца гостиварци кои биле забележани како фрлаат кокаин пред наплатна станица

пред 3 години

Полицијата синоќа околу 22.15 часот уапсила три лица – А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, претходно од возилото со кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле кесе со кокаин, кое било пронајдено.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Share
Scroll to Top