Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

пред 3 години

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 07:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово,Ресен,Крушево и на планинските превои Буково и Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top