Кога стратешките одлуки ја определуваат иднината на Чаир, неопходно е да се вклучат експерти кои ќе ги водат процесите напред, изјави првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, претставувајќи го најновиот член на својот тим.
Универзитетскиот професор Бујамин Бела му се приклучува на тимот на Меџити како советник за економски и буџетски прашања.
„Тој носи со себе значајна експертиза и јасна професионална визија за развој на општината. Бела е академик со докторат во областа на менаџментот од Универзитетот во Истанбул, институција со меѓународна репутација. Се има истакнато како извонреден студент, а денес е признат професионалец со длабинско знаење, кое сега ќе го стави во служба на Чаир“, вели Меџити.
Текстот Универзитетскиот професор Бујамин Бела е нов советник на Изет Меџити е превземен од МАКФАКС.