Во Македонија утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“. Исто толку вакцини се очекува да пристигнат и на 26 април.
Како што најави Министерството за здравство, вакцините ќе бидат доставени со авион што ќе слета во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје.
До сега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на Астразенека, нешто помалку од три илјади има од руската Спутник V и околу илјада од кинеските вакцини. Се верува дека во Македонија веќе над 45 илјади лица ја примиле прва доза од вакцината, ако тука се додадат оние кои патуваа во Србија за вакцинирање.
Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче рече дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.