Утре променливо облачно време, попладне локален дожд и грмежи

Утре променливо облачно време, попладне локален дожд и грмежи

пред 5 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 километри на час, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Текстот Утре променливо облачно време, попладне локален дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top