Утре сончево време со температура до 31 степен

Утре сончево време со температура до 31 степен

пред 4 часа

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во сабота ќе се задржи стабилно време. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од недела во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Текстот Утре сончево време со температура до 31 степен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top