Фатен крадец при извршување кражба од куќа во Штип

пред 5 години

Полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле М.А.(33) од Штип затоа што околу 15.10 часот на улицата „Сремска“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од куќа.

По целосно документирање на случајот против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top