Филипче е кукла на конци во рацете на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче е кукла на конци во рацете на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 часа

СДСМ не го води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Партијата го нарече Венко Филипче кукла на конци, а додека конците се во раце на Заев, СДСМ нема да застане на свои нозе, се додава во соопштението на владејачката партија.

„Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател. Заев е олицетворение на криминал, корупција и човек кој се пазари за се па дури и за државните и национални интереси, а Филипче е личност што слепо го следи и се воодушевува на неговиот ментор.

СДС денес е јасен пример за партија без вистинско раководство и без сопствена насока. Наместо лидерство, гледаме извршување на туѓи насоки и одржување на старите структури на Заев. Филипче може да тврди што сака, но реалноста е поинаква, СДС не ја води тој. Партијата е заробена во истите кругови што ја доведоа до пад на довербата кај граѓаните и членството од само 130 илјади гласа.

Додека граѓаните очекуваат одговорност, реформи и нов почеток, СДС продолжува со истите лица и истите политики. СДС денес е партија која не се реформира и обвновува туку напротив продолжува да тоне со деструктивните политики на Филипче.

Се додека Филипче и СДС јасно не се дистанцираат од минатото, од Зоран Заев и од влијанијата што ја држат партијата во место, нема иднина за СДС.

Се додека СДС и Филипче не се откажат од Заев нема вистинска промена во СДС, напротив продолжување на статус кво кое ја носи партијата уште подлабоко на маргините.

Текстот Филипче е кукла на конци во рацете на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top