Филипче: Мерките мора да се донесат во најкус можен рок

пред 4 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести е смислен и тенденциозен обид за дневнополитички поени кој директно го загрозува здравјето на населението.

Тој е дециден дека барањето за формирање нова Комисија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја избира Собранието, е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност и истото е целосно неиздржано.

Најостро реагирам на повторниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, October 21, 2020

„Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните. Уште еднаш повикувам на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси. Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкраток можен рок“, порача тој.

Според министерот, од почетокот на  ковид-кризата во земјата опозицијата делува неконструктивно, со опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата.

Share
Scroll to Top