=Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари. Филипче посочи дека политиките на власта јасно укажуваат на тоа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија.
„Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа“, рече Филипче.
Тој додаде дека ваквите политики значат дека нема да се спроведат потребните реформи и дека нема да има контрола на грабежот што власта го прави.
„Тоа значи дека нема никакви реформи, тоа значи дека нема никаква контрола од Европа и тоа според него ќе трае, ако треба и децении. Ова е потврда за сè тоа што го зборувавме изминатиот период. Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани. Зошто? За да без контрола, преку тендерите прават грабеж на народните пари“, рече Филипче.
Текстот Филипче: Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси е превземен од МАКФАКС.





