Филипче на конгрес на СПД во Берлин: Средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Филипче на конгрес на СПД во Берлин: Средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

пред 7 часа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска, ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената започнува со нас“ се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, соопшти утрово СДСМ.

Во рамки на конгресот претседателот Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл кој воедно е и ко-претседател на СПД. Предвидени се и билатерални средби со европски  политичари и функционери присутни на конгресот.

На конгресот, на кој, меѓу другото, ќе се избира и новото раководство на СПД, ќе присуствуваат истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа.

Поканата за присуство на Филипче на овој конгрес од СДСМ ја сметаат за израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија.

Текстот Филипче на конгрес на СПД во Берлин: Средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top