„Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува на СДС да прави хистерија за водата во Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува на СДС да прави хистерија за водата во Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 часа

„Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија.

Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар.

Сè на сè, плоден одмор на талогот: шират лаги за водата, се против независноста и уценуваат земјоделци“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува на СДС да прави хистерија за водата во Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top