Филипче: Ништо не очекувам од средбите со Бугарија

Филипче: Ништо не очекувам од средбите со Бугарија

пред 5 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека од најавените средби на Владата со властите на Бугарија, не очекува конкретен резултат, освен да глумат повторно патриоти. Филипче додаде дека и досега Владата не придонела за подобрување на односите со соседите, туку напротив, како што кажа, ги заострува односите.

„Ништо не очекувам, да глумат повторно патриоти. Што ќе биде целата на средбата? Зошто немаше до сега средба? Обврска е на министерот за надворешни работи да се среќава пред се со земјите соседи, да ги подобрува мегусоседските односи. Наше богатство е што имаме две земји соседи кои што се членки на Европска Унија. До сега требаше да има по десетина средби и со Грција и со Бугарија. Што се случи, тие намерно ги влошуваа односите, ги заоструваа, префрлаа едни и други. Тоа ли е суштината? Што ќе прави Тимчо сега? Ќе клечи? Ќе витка кичма? Што ќе прави во Бугарија? Зошто треба да се оди во Бугарија, кога ние имаме работа со Брисел на темата? Зошто сакаат тоа да го направат, да го билатерализират прашањето кога не е така како што ти ја сакаат да го прикажат“, рече Филипче.

Тој додаде дека не гледа причина прашањата поврзани со европскиот пат да се третираат како билатерални прашања, наместо во рамките на односите со Европската Унија.

„Нека оди министерот, тоа му е работа, прашањето е зошто не беше до сега и што може да се очекува од таа средба. Јас повторно ќе кажам, ништо не очекувам, затоа што сè е изговор, овие луѓе не сакаат во Европа, не сакаат Лаура Ковеши да дојде овде, затоа што се готови, тоа е работата“, рече Филипче.

Текстот Филипче: Ништо не очекувам од средбите со Бугарија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top