Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски, павосудството е партизирано

Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски, павосудството е партизирано

пред 4 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека обвинителот работи под диктат на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи за партизација на судството.

„Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на владата кога се инсталираа и членови од судски совет судии и обвинители итн. Тогаш укажувавме дека се партизира судството, укажувавме дека не се спроведува реформската агенда со законите од правосудството. Ова не не изненадува, обивинителот е под директна контрола на премиерот тоа е знак, и ништо друго“, рече Филипче.

Тој додаде дека ова, според него, е причина зошто СДСМ не дало поддршка при гласањето во парламентот, оценувајќи дека се работи за континуирана пракса на влијание врз правосудството.

Текстот Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски, павосудството е партизирано е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top