Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар

Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар

пред 3 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“.

Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се обезбедени овие капацитети.

„Уште еден доказ дека оваа власт прави сè под масата, како и за многу други работи. Ќе споделам со јавноста еден документ од една компанија, објавен пред три месеци, во којшто компанијата јасно и гласно наведува дека станува збор за дата-центар којшто треба да го развиваат кај нас, дека е обезбеден капацитет на струја од 100 мегавати, дека имаат директен пристап, до реката Вардар и високо ефикасниот капацитет на реката Вардар за ваквите центри, како и, повторно цитирам, ’целосно обезбедени, потврди дека со овој проект може да се продолжи од страна на Владата на Македонија‘, посочи Филипче.

Филипче потенцираше дека станува збор за прашање од јавен интерес, бидејќи ваков проект би значел користење значајни енергетски и водни ресурси.

„Ќе го споделам овој документ со новинарите, за да се истражи и да се потврди и граѓаните да знаат што се прави под масата, зад нивниот грб, а на нивна штета, трошејќи ги и ставајќи ги во ризик водните капацитети насекаде низ државата, капацитетите на струја, коишто и онака прескапо ги плаќаме поради тоа што оваа власт не знае тој систем да го менаџира“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Текстот Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top