Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи откако Виктор Орбан ги изгуби изборите во Унгарија.
„Вечерва Унгарија рече ДОСТА E!
Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме.
Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ а со него и Мицкоски. Време е за демократија! СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат. Демократијата и Европа победуваат.“, пишува Филипче.
Текстот Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации е превземен од МАКФАКС.






