Филипче: Предложивме од среда да се воведе полициски час, најмногу поради непочитувањето на мерките

пред 4 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот фејсбук-профил ја објасни причината за барањето на ресорното министерство за воведување на полициски час на територија на целата држава.

„Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10 март). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна, затоа што тоа e единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид-19“, напиша Филипче во објавата на „Фејсбук“.

Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи…

Posted by Венко Филипче on Понеделник, 08 март 2021

Министерстeрот по предлог на Комисијата за заразни болести денеска до Главниот координативен кризен штаб предложи воведување полициски час.

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Share
Scroll to Top