Филипче со повик до власта: Намалете го ДДВ-то на 5% и укинете ги акцизите — горивата да поевтинат за 15 до 20 денари

Филипче со повик до власта: Намалете го ДДВ-то на 5% и укинете ги акцизите — горивата да поевтинат за 15 до 20 денари

пред 5 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара од власта конкретни мерки за намалување на цените на горивата, преку намалување на ДДВ-то на 5 проценти и укинување на акцизите, со што, горивата би поевтиниле за 15 до 20 денари, посочувајќи дека само така ќе има некаков бенефит за граѓаните.

„На прво место за мене се интересите за граѓаните. Очекувам оваа зима да биде уште еден огромен удар, затоа што парното е веќе поскапено. Ние не знаеме како ќе бидат цените на горивата. Власта не ги слуша нашите апели да се намалат акцизите, да се намали ДДВ-то, нека се тргнат во процент, со којшто значајно ќе се намали цената на горивата. Џабе се фали власта дека имаме најниски цени на горивата во регионот, кога нашите граѓани можат да купат најмалку литри горива со овие плати и пензии коишто ги имаме. Нека се тргнат акцизите, нека се намали ДДВ-то на 5%, нека се намалат горивата за 15 до 20 денари, па да има некако бенефит да имаат граѓаните. Мислам дека ќе биде ужасно тешка зима за сите наши граѓани. За жал, власта не покажа разбирање.“, рече Филипче, по средбата со скопските пензионери во општина Карпош

Текстот Филипче со повик до власта: Намалете го ДДВ-то на 5% и укинете ги акцизите — горивата да поевтинат за 15 до 20 денари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top