Форумот на жени на ЛДП со најостра осуда за нападот врз Арсовска: Мораме како општество да ставиме крај на физичката и вербалната агресија кон жените во политиката

Форумот на жени на ЛДП со најостра осуда за нападот врз Арсовска: Мораме како општество да ставиме крај на физичката и вербалната агресија кон жените во политиката

пред 5 часа

Форумот на жени на Либерално-демократската партија (ЛДП), гласно и недвосмислено ги осудува сите форми на родово базирано насилство врз жените во политиката, без исклучоци – без оглед на етничката или политичката припадност.

„Насилството врз жените во политиката има штетно влијание не само врз поедини жени и нивната благосостојба, туку и врз општата мотивација на жените активно да се вклучат во политичкиот и општествениот живот.

Мораме како општество да ставиме крај на физичката и вербалната агресија кон жените во политиката“, велат од Форумот на жени при ЛДП.

Од таму бараат конкретни мерки и санкции, затоа што, како што велат, „ако не реагираме сега, директно ги загрозуваме основите на едно демократско и правично општество“.

Текстот Форумот на жени на ЛДП со најостра осуда за нападот врз Арсовска: Мораме како општество да ставиме крај на физичката и вербалната агресија кон жените во политиката е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top