(Фото) Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја

(Фото) Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја

пред 2 часа

Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани.

За десетона минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби.

Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата “Свети Јован Крстител”, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан.

Скопјани од црл град на социјалните мрежи објавуваат снимки и фотографии од покриви што летаат, од дрвја паднати сосе кабли за струја, врз автомобижи и од направените штети.

Скопјани се жалат и дека бројот 112 на кој можат да пријават штети е постојано зафатен па се што имаат објавуваат на социјалните мрежи.

Во делови од градот нема струја, но и телефонот на ЕВН е постојано зафатен.

Текстот (Фото) Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top