(Фото) Пуштено е во употреба реновираното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

(Фото) Пуштено е во употреба реновираното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

пред 3 часа

По 50 години откако е изградено, денеска беше пуштено во употреба реновираното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населба Ченто. На отворањешто присуствуваше и премиерот, Христијан Мицкоски.

„Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина. И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со граѓаните, советниците на Општина Гази Баба бидеме присутни овде и да го пуштиме овој објект којшто го започнавме“, рече Мицкоски.

Според него, значајно е тоа што училиштето се реновира по 50 години.

„Значаен е уште повеќе затоа што до пред некој година овде постоеа само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во би рекол субстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови“, рече Мицкоски.

Додаде дека остануваат уште некои детали, на пролет да зазелени, оградата да се смени и да се направи паркингот за вработените.

На настанот присусутвуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која кажа дека дошло време бараките да заминат во историјата.

„Дојде моментот бараките зад нас да заминат во историјата. Со среќа нека се користи новиот училишен објект. Навистина е прекрасен и знам дека ќе биде инспирација и за учениците и за наставниците“, рече Јаневска додавајќи дека Владата и Министерството за образование и наука вложуваат подеднакво во сите региони на државата, затоа што, како што нагласи – сите деца заслужуваат еднаков пристап до квалитетни услови за образование.

Новиот објект има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари.

Текстот (Фото) Пуштено е во употреба реновираното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top