(Фото) Турски државјанин се обидел во Македонија нелегално да внесе 116 забни импланти: поднесена кривична

(Фото) Турски државјанин се обидел во Македонија нелегално да внесе 116 забни импланти: поднесена кривична

пред 2 часа

Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз, извести Царинската управа.

Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Текстот (Фото) Турски државјанин се обидел во Македонија нелегално да внесе 116 забни импланти: поднесена кривична е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top