(Фото) Ѓурѓовден во Кисела Вода- низ детската насмевка, љубов и среќа!

(Фото) Ѓурѓовден во Кисела Вода- низ детската насмевка, љубов и среќа!

пред 16 часа

Со низа настани кои траеја преку целиот вчерашен ден, општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник-Ѓурѓовден.

„На целодневното одбележување на заштитникот на Кисела Вода, Св. Георгиј Победоносец, после свечената литургија имавме прилика да уживаме во празнична атмосфера, низ вештите рачиња на децата од градинките кои изработува цртежи и украси инспирирани од пролетта и празникот.

По работилницата, сите присутни имаа можност да ја проследат забавната театарска претстава „Плашливиот лав” која внесе радост, смеа и важна животна порака за храброста и пријателството“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Со задоволство ја проследивме и изложбата на уметничките дела од Драган Кузмановски, но она во кое сите уживавме, вклучувајќи ме мене, Ведран и мојата сопруга Мартина беше проекцијата на филмот ,,Кучиња во операта”. Ова, беше уште еден Ѓурѓовден – уште едно продолжување на вековната традиција на мојот народ низ вековите. Уште една средба, пријателски муабет и поддршка за иднината. Од срце ви благодарам што и овој ден, со вашето ценето присуство го направивте за паметење.

Заедно направивме многу, а – најдоброто допрва доаѓа“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Текстот (Фото) Ѓурѓовден во Кисела Вода- низ детската насмевка, љубов и среќа! е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top