(Фото+Видео) По децении запуштеност, започна чистењето на Железничката станица во Скопје

(Фото+Видео) По децении запуштеност, започна чистењето на Железничката станица во Скопје

пред 1 час

Железничката станица во Скопје, која со години беше оставена на работ на функционалноста и хигиената, конечно се чисти и уредува. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, информираше дека е започната акција за враќање на репрезентативниот изглед на овој објект.

Според Ивановски, децениската институционална и општествена негрижа ја претвориле станицата во нерепрезентативен објект „накитен“ со билборди, нелегални постери, графити и несоодветни содржини и недоволна хигиена.

Како прв чекор од најавеното чистење Ивановски вели дека веќе се отстранети речиси сите билборди, светлосни реклами и со години напластуваните информативни постери.

Ивановски посочува дека еден од комерцијалните субјекти одбил сам да ја отстрани својата реклама.

„Остана уште една светлосна реклама на ‘Хамза Донер’ кои одбиваат да ја извадат. Доколку не ја отстранат во рок од седум дена, договорот за закуп ќе им биде раскинат“, вели директорот на ЈП „Македонски железници – инфраструктура“.

Текстот (Фото+Видео) По децении запуштеност, започна чистењето на Железничката станица во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top