Фронт 21/42 незадоволни од расправата за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

пред 4 години

Фронт 21/42 реагира во врска со јавната расправа по Нацрт- законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.

„Вчерашната јавна расправа по Нацрт – законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, не може да се нарече Јавна расправа.Ја разбираме актуелната ситуација предизвикана од пандемијата и неможноста дебатата да се организира со физичко присуство, но тоа не треба да биде причина, ниту оправдување за она што го искусивме. Начинот на кој се одвиваше оваа јавна расправа е директно прекршување на членот 6, став 4 и 5 од Архуската конвенција – главната меѓународна конвенција која го уредува и заштитува учеството на јавноста во донесување на прописи и одлуки кои ја засегаат животната средина. Поентата на една јавна расправа, како клучен дел од консултациите со јавноста – е да им даде простор на претставниците на јавноста да ги искажат своите ставови, барања, прашања, итн. за нацрт документот, пред
истиот да биде усвоен. Тоа е поентата на партиципативната демократија – јавноста има улога во кроењето на политики кои ја засегаат“, се вели во соопштението.

„Оваа двочасовна јaвна „расправа” се состоеше од речиси час и половинаспремни презентации и говори на експертите кои што работеле на документите, а последните триесеттина минути беа оставени за „расправата”. Во тоа кусо време, во кое јавноста имаше можност да се вклучи со свои коментари, не му беше даден збор на секој кој побара да
го искористи своето законско право; тие што добија збор всушност и не можеа многу да кажат, бидејќи модераторот си земаше за право на непочната реченица да се вмешува во излагањето или воопшто да не им дозволува на говорниците да се вклучат со свои коментари. Во еден момент, текстуално и преку пораки, се поставија повеќе прашања
кон Министерството и граѓаните бараа да бидат удостоени со одговор, но од страна на модераторот им беше кажано дека Министерството ќе даде одговори на крај од дискусијата, што реално не се ни случи“, тврдат тие.

Според невладината организација, надлежните очигледно немале за цел да ги слушнат коментарите на граѓаните, да организираат суштински дијалог со сите засегнати, како основа за подобрување на законот.

„Единствената очигледна цел беше формално „штиклирање” на законската обврска да се организира „јавна расправа”.Дополнително, самиот начин на онлајн расправата, како и ограниченото време, не овозможија вклученост на сите страни, бидејќи некои од засегнатите граѓани кои живеат во руралните средини не можат директно да пристапат кон ваквите виртуелни платформи.Ќе ги потсетиме нашите институции и Министерството за животна средина и просторно планирање на последната критика од извештајот на ЕК за нашата земја: „Квалитетот на презентациите и на процесот на јавните расправи,особено кога станува збор за проекти поврзани со хидроенергија, рударство и инфраструктура, мора дополнително да бидат подобрени”.Од погоре наведените причини бараме да се закаже и одржи нова јавна расправа, која ќе овозможи доволно време за сите засегнати страни да ги искажат своите ставови, постават прашања, добијат соодветни одговори,итн. – бараме вистинска јавна расправа чија цел ќе биде суштински консултации со засегнатата јавност“, се вели во реакцијата.

Share
Scroll to Top