Халкбанк со континуирана поддршка за родова еднаквост и економско зајакнување на жените

Халкбанк со континуирана поддршка за родова еднаквост и економско зајакнување на жените

пред 2 часа

Во современото општество, унапредувањето на родовата еднаквост и создавањето еднакви можности за сите, претставуваат основа за одржлив економски и социјален развој. Водена од овие вредности, Халкбанк АД Скопје континуирано ја гради својата корпоративна политика врз принципите на инклузивност, одговорност и активна поддршка на жените во нивниот личен и професионален развој. Во тој контекст, Банката со години реализира иницијативи, програми и општествено одговорни активности насочени кон поттикнување родова еднаквост, зајакнување на финансиската независност и поддршка на жените кои се соочуваат со различни предизвици.

Како дел од овие активности, банката деновиве донираше 10.000 евра на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, со што даде директна поддршка на организациите и механизмите кои обезбедуваат помош и заштита на жените жртви на насилство.

Оваа донација е дел од пошироката иницијатива на Халкбанк што произлезе од препознатливата кампања „Фустани со џебови“, со која Банката на креативен и симболичен начин ја отвори темата за финансиската независност и економската моќ на жените. Кампањата прерасна во платформа што ја подигна јавната свест за родовата еднаквост, а средствата собрани преку продажбата и аукцијата на уникатните креации беа наменети за поддршка на Интервентниот женски фонд и за помош на жени жртви на насилство.

Поддршка за женското претприемништво

Како дел од својата стратегија за одржлив развој, банката го разви и Пакетот за жени претприемачи како специјално креирана финансиска понуда за жени сопственици и основачи на микро, мали и средни бизниси. Преку овој пакет, Халкбанк им овозможува на жените претприемачи пристап до поволни кредитни услови, банкарски услуги по повластени тарифи, како и советодавна поддршка за развој и унапредување на нивните деловни активности. На овој начин, заклучно со 2025 година, обезбедена е кредитна поддршка за 634 компании предводени од жени, што претставува конкретен показател за посветеност и доверба во нивниот потенцијал.

Покрај финансиската поддршка, Халкбанк активно учествува и во организирање и поддршка на настани со кои се подига свеста и перцепцијата за родовата еднаквост, за финансиската слободата на жените и за економската важност на женското лидерство. Во тој контекст, Банката организираше регионални едукативно-нетворкинг настани на теми како што се финансиската писменост, дигитализацијата и зелената транзиција. Дополнително, се реализираше и програмата „Од не/вработена до претприемачка“, насочена кон охрабрување и поддршка на жените кои сакаат да започнат сопствен бизнис, како и изработката на Брошура за финансиска писменост на жените, која има за цел да придонесе кон подобро разбирање на финансиските алатки и можности. Халкбанк беше и покровител на престижната манифестација „Избор на Жена – Претприемач на годината“ и доделувањето на националната награда за женско претприемништво, што традиционално се одржува под институционално покровителство на Министерството за економија.

Во духот на поддршката и заедничкото учење, банката организира и бизнис настани и конференции, како што беше „HalkTalk“, настан кој ги собра жените претприемачи, им овозможи да споделат свои искуства и да се инспирираат меѓусебно, создавајќи мрежа на поддршка и соработка. Банката е и главен поддржувач на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, која е дел од глобалната иницијатива на UN Women.

Преку овие активности, Халкбанк придонесува кон создавање силна заедница на жени лидери, менаџери и претприемачи, кои со својата работа и визија го обликуваат современото деловно опкружување.

Посветеност кон еднакви можности

На овој 8 Март, Халкбанк ја потврдува својата цврста посветеност кон родовата еднаквост и економско зајакнување на жените, не само како институција што нуди финансиски услуги, туку и како социјално одговорна организација што ги гради платформите и иницијативите кои создаваат трајни вредности и можности.

„Нашата мисија е да бидеме повеќе од банка, да бидеме партнер што ги поддржува жените во остварување на нивните лични и професионални цели. Веруваме дека економски силните жени значат посилно и поодржливо општество“, велат од Халкбанк.

Банката продолжува да инвестира во иднината на жените претприемачи, да поттикнува инклузивно чувство на заедништво, и да ја поддржува нивната улога како двигатели на иновација, раст и развој на економијата.

ПР

Текстот Халкбанк со континуирана поддршка за родова еднаквост и економско зајакнување на жените е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top