Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа изјави дека го почитува и поддржува секој мирен протест како демократско право на граѓаните и дека институцијата останува посветена на транспарентност и отвореност.
Тој информира дека Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, меѓу кои и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност.
Од Министерството посочуваат дека суштински придонес во ваквите процеси може да се постигне преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки.
„Граѓанскиот сектор е важен партнер во напорите за заштита на животната средина. Преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Текстот Хоџа: Ќе има јавна расправа за обновувањето на дозволата за УСЈЕ е превземен од МАКФАКС.






