Денеска во Кино Фросина – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Настанот ќе започне во 18:30 часот и е од хуманитарен карактер, а прибраните донации од истиот се предвидени за Интервентниот женски фонд наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина.
Националната мрежа која во себе брои 25 организации членки, го одбележува јубилејот 15 години од своето основање и активна работа на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство вклучително и семејно насилство, фемицид како и застапување на интересите на жртвите.
Донација кон Интервентниот женски фонд може да остварите преку купување на билет ТУКА.
Текстот Хуманитарен настан за одбележување на 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е превземен од МАКФАКС.






