Царовска: Реформите во образованието ќе овозможат функционална писменост

пред 4 години

Слабите резултати на учениците во земјава покажале дека се неопходни итни реформи во организирање на наставата и содржините за што ќе бидат изготвени нови учебници, а наставниот кадар ќе добие насоки за новото т.н интегрирано учење. Нацрт програмата која ја подготвило Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и тим од седум професори ќе биде дадаена на јавна дебата, а се очекува реформите да бидат спроведени во новата учебна 2021 година за учениците од прво и од шесто одделение.

„Сите сме согласни дека реформи ни се неопходни веднаш. Секоја учебна година сите домашни и меѓународни истражувања потврдуваат дека нашите ученици не се стекнуваат со вештини и знаења кои се применливи.Исто така нашите ученици следат 900 часа помалку наставни часови. Помалку од 40 отсто од учениците не учат со разбирање туку само акумулираат знаење кое не можат да го применат. Високи 82 проценти од наставниот кадар смета дека треба да се реформира. Ниту еден наставник нема да го изгуби работното место и на факултетите и натаму ќе се произведуваат кадри од сите научни дисциплини“, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес конференција.

Според Царовска образованието ќе се фокусира на компетиција, на прилагодена настава.

„Однапред определени стандарди, јазична писменост, дигитална писменост, уметнико изразување, мултикултура, препораки кои излегуваат сите наставни програми. Клучните компетиции за доживотно учење ќе бидат прилагодени на контекстот на нашата земја. Содржините ќе бидат спроведени на начин учениците знаењето да можат да го восприемаат во реален контекст“, рече Царовска.

Професорката Виолета Бешка од Бирото за развој на образованието детално го објасни предлог концептот со кој е предвидено учениците да поминуваат најмалку 6 часа во училиште но 60 проценти со следење на настава и 40 проценти од времето да го поминуваат посветени на кретивни и мотивирачки дисциплини.

„ Наставниот план предвидува да има задолжителни предмети како македонскиот односно српски, албански, турски или бошњачки јазик, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик. Природните науки ќе ги интегрираат предметите биологија, физика, хемија и физичка географија. Општествени науки ќе ги интегрираат историја, општествената географија, граѓанското образование и други хуманистички општествени дисциплини, истакна Бешка.

Во сите одделениа ќе се менува застапеноста на предметите.

„Уметничкото образование, ликовно, музичко и физичко и здравствено образование, техничко образование, техника, технологија или информатика ќе се предаваат со флексибилни програми. Тие што следат настава на друг мајчин јазик задолжителнно ќе учат македонски јазик после четврто одделение. Секое училиште ќе понуди изборни премети, слободни изборни предмети, кои се нарекуваа секции кои ретко беа применувани во пракса како и јазиците. Во групата на изборни предмети како втор странски јазик изборно може да се изу7чува и албански јазик. Другата листа на изборни предмет ќе бидат продлабочувани и насочени кон математичко логичко учење, или цртање или на сексулано образование, изборни предмети што ги поддржуваат какио фотографија, драма, моделарство отворено поле на внесување многу други. За поддршка на личниот и социојалниот развој на учениците, образование за животни вештини. Изборни предмети ќе има и од спортовите како планинарење, јога, велосипедизам. Листата на предмети ги следи возрасните разлики, секое училиште треба да понуди најмалку по три изборни предмети може да биде во договор со учениците, рече Бешка.
Според новиот концепт Училиштето е ставено во функција на промовирање на најдоброто од детето, да има флексибилност на наставниците и учениците, квалитетна интеракција и мора да се води сметка за сите компетеции на децата.

„Со наставните програми се воведува мултидисциплинарен пристап во учењето, природни или општествени науки, но тоа е поврзување на предмети и нсо овој пристап се поврзува вештините и знаењето за одредено прашање или проблем. Целта е учениците тоа што го учат да го доживуваат како релевантно за нив. Овие наставни програми ќе се реализираат по модуларен пристап, стандарди за оценување ќе биде дефинирано со наставните програми од страна на лица кои се експерти од тие наставни содржини. За успешно реализирање неопходна е соработка меѓу наставниците и преземање на одговорноста за реализација, рече Бешка.
Иновативни пристапи ќе се базираат и на апликативни проекти кои адресираат проблеми од секојдневниот живот на ниво соодветно на наивната возраст, односно да се учи преку проекти што се базирани на истражување. Со овој концепт како што истакнаа од Бирото за развој на образованието неопходна е замена на постоечките учебници со нови, но исто така ќе се оди кон подготовка на дигитални верзии на учебници.

Новите реформи треба да ја поттикнат автономијата и кретивноста на децата а во изборните предмети ќе можат да учат и кулинарство, градинарство и слични животни вештини.

Што се однесува до начинот на оценување фокусот ќе биде ставен кон формативното оценување а не како досега како сумативно оценување.
„Наставниците треба да го следат секој ученик одделно и да ги земат во предвид сите вештини на децата за да можат правилно да го оценат. Целта е на возраст од 15 години секое дете да има функционално знаење што ќе може да го користи во реалниот живот“, објаснува Бешка.

Директоротр на Бирото за развој на образование рече дека процесот на воведување на новите реформи ќе биде транспарентен и инклузивен и сите досегашни нацрт програми ќе бидат ставени на јавна расправа а на наставниот кадар ќе му биде овозможена обука.

Share
Scroll to Top