Чулев: Упадот во зградата на М-НАВ е безбедносен скандал од меѓународни рамки, сторителите да бидат најостро санкционирани

Чулев: Упадот во зградата на М-НАВ е безбедносен скандал од меѓународни рамки, сторителите да бидат најостро санкционирани

пред 12 месеци

Зградата на М-НАВ претставува објект од критична инфраструктура кој е од исклучителна важност за функционирањето на државата, но и за безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај. Упадот во ваков објект е безбедносен скандал од меѓународни рамки за кој треба да се понесе одговорност и истиот мора најстрого да биде санкциониран.

Ова во денешната објава на својата Фејсбук страна го потенцира поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев нагласувајќи дека вакви говори за сериозно непочитување на безбедносните протоколи и потфрлување на институциите кои се задолжени за безбедноста, односно за кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај за кое според кривичниот законик, превидена е казна затвор од пет до десет години.

Во својата објава Чулев упатува силна поддршка, но и благодарност до синдикатот и професионалците во оваа институција за кои како што вели „по цена на својот живот и своето работно место, решиле да истраат во намерата да го заштитат М-НАВ и безбедноста на македонското небо“.

Поранешниот министер го повика Mинистерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, во најкраток рок да ги санкционираат учесниците во вчерашниот настан, а владата веднаш да го разреши раководството на институцијата, чиј основач е државата, а која треба да функционира согласно пропишани европски и светски стандарди.

Чулев смета дека Министерството за внатрешни работи согласно Законот за приватно обезбедување треба да утврди пропуст во постапувањето на агенцијата 2СС од Кичево, што го обезбедува објектот, и преку соодветна постапка да ја одземе дозволата за работа на истата.

„Воедно, треба да се утврди дали таа агенција имала важечки договор со М-НАВ за обезбедување во 2024 година, со оглед дека претходниот е истечен на 14.12.2023 година, и доколку се утврди дека договорот е истечен, дополнително да се побара и утврди кривична одговорност за директорот на М-НАВ кој дозволил приватна агенција да обезбедува објект од критична инфраструктура без важечки договор“, заклучува Чулев во својата фејсбук објава.

Текстот Чулев: Упадот во зградата на М-НАВ е безбедносен скандал од меѓународни рамки, сторителите да бидат најостро санкционирани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top