Шасивари: Да го паметиме Скопје не само како град со богата историја, туку и како град од кој кон светот тргнале луѓе чии дела оставиле трага врз човештвото

Шасивари: Да го паметиме Скопје не само како град со богата историја, туку и како град од кој кон светот тргнале луѓе чии дела оставиле трага врз човештвото

пред 3 часа

На 26 август 1910 година, во Скопје е родена Гонџе Бојаџиу, личност чиј животен пат остави белег далеку надвор од нејзиниот роден град.

На 116-годишнината од нејзиното раѓање, ја паметиме пред сè преку вредностите што имаат универзално значење: хуманизмот, солидарноста, достоинството и почитта кон секој човек, вели министерот за правда Јетон Шасивари.

Нејзината животна приказна, како што додава, е дел и од историјата на Скопје. „Од овој град започнал патот на една жена која подоцна стана позната низ целиот свет.

За мене, како министер за правда, ова е потсетување дека човечкото достоинство, еднаквоста, праведноста и грижата за ранливите се вредности што не познаваат граници, јазици или поделби.

Скопје е нејзиното родно место. Нејзината животна приказна е светско наследство. А вредностите што ги носи се порака за сите нас.

Да го паметиме Скопје не само како град со богата историја, туку и како град од кој кон светот тргнале луѓе чии дела оставиле трага врз човештвото“.

Текстот Шасивари: Да го паметиме Скопје не само како град со богата историја, туку и како град од кој кон светот тргнале луѓе чии дела оставиле трага врз човештвото е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top